Животна училница // Приказни
ПОЗИТИВА НА ДЕНОТ: Тригодишниот Реџеп ja победи страшнатa болест (ВИДЕО)
- 29 Септември, 2020 11:16

Малиот Реџеп со само три години победи страшна болест - веста на денот ја објави невладината организација САНО.
Тие на својот фејсбук профил објавија видео од малиот Реџеп кој иако е многу мал тој е храбар, не плаче и победи страшна болест.
„ Реџеп има само три години и може слободно да се пофали дека ги направил трите најважни работи во животот !
1. Не плаче, туку среќен е и по цел ден се смее!
2. Победи страшна болест, па здрав по цел ден игра !
3. Храбар е и може светот да го сврти наопачки“, пишуваат од организацијата.
* Објавата на видетото ја дозволи родител