Познатата убавица се појави во јавноста и ги остави сите без зборови: Нејзиното лице е целосно деформирано - непрепознатлива е
Важеше за една од најубавите жени на светот, а потоа
нејзината животна приказна исполнета со слава зазеде поинаков тек. Познатата
Хедер Локлир денес е тешко да се препознае.
Актерката Хедер Локлир, која за три дена ќе наполни 61 година, неодамна се појави во Лос Анџелес. Изгледот на нејзиното лице предизвикува шок и чудење и сосема е јасно дека холивудската ѕвезда немала мерка кога се во прашање пластичните операции.
Нејзиното лице е целосно деформирано, но пластичната хирургија е само врвот на ледениот брег.
Ѕвездата на сериите „Династија“ и „Мерлос Плејс“ беше во брак од 1986 до 1993 година со тапанарот Томи Ли, кој подоцна се омажи за Памела Андерсон. Врската беше многу покриена од медиумите, но Хедер по разводот брзо најде нова љубов.
Тоа беше гитаристот Ричи Самбора, со кого се омажи во Париз во 1994 година со кој ја доби ќерката Ава, пред 23 години. Бракот заврши во 2006 година, а поранешните сопружници се во добри односи поради нивната ќерка.
За жал, Хедер подоцна паднала во стапицата на порокот, се борела со зависноста од дрога и алкохол, а во налет на бес го претепала нејзиниот тогашен вереник Крис Хајзер, кому во тој напад се обидела да му го одгризе носот. Полицијата реагирала, а актерката им се заканувала на полицајците со огнено оружје и набрзо била уапсена.
Уапсена е и кога со својот автомобил удрила во столб во близина на нејзиниот дом во Калифорнија, а во нејзиниот автомобил било пронајдено шише со алкохол. Потоа ги нападнала полицајците кои се обиделе да ја смират, поради што била пренесена во окружниот затвор, од каде била пуштена следниот ден. Само шест часа по ослободувањето, таа била хоспитализирана поради предозирање со алкохол. Помош побарала нејзината мајка, која наводно била и физички нападната, посочувајќи дека нејзината ќерка се обидела да се самоубие. Хедер Локлир се бореше со тешка депресија, јавноста многу ја растажи веста за нејзината борба со психичките проблеми.
За среќа, има добри вести. Хедер се враќа за да глуми во „Don't Sweat the Small Stuff: The Kristine Carlson Story“, чија премиера беше минатата година. Таа не криеше дека се плаши од враќање, а се надеваме дека приказната за неа сега ќе добие поинаков тек - но овој пат, на подобар пат.
Фото: Профимедиа