Познати прелиминарните резултати од обдукцијата на Џин Хeкман - едно е сигурно! Полицијата излезе со соопштение ...

Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви на 26 февруари 2025 година, во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико. Тој имал 95 години, додека неговата сопруга 63 години. Покрај нив е пронајдено и нивното куче.
Полицијата во извештајот навела дека Џин Хекман бил на влезот во собата, додека неговата сопруга лежела во бањата со греалка до главата. Постои можност Аракава да паднал ненадејно, но конкретните причини за смртта се уште не се утврдени. Тестирањето на гасоводите во куќата не покажало знаци на истекување на јаглерод моноксид или труење.
Првичните наоди од прелиминарната обдукција покажаа дека парот нема видливи повреди, односно дека нема „надворешна траума“.
До Бетси Аракава, отворено шише со апчиња на рецепт беше пронајдено расфрлано низ блискиот пулт. Кучето е пронајдено мртво во бањата, се вели во соопштението, пренесе Си-Ен-Ен.
Барањето за налог за претрес вклучувало дозвола за пребарување на потенцијално запаливи материјали, контролирани супстанции, оружје, траги од ДНК и други можни докази. Се уште не е јасно дали е извршен подетален претрес и кои дополнителни докази, доколку ги има, се пронајдени.
Извештаите на медицинските иследници со конечна причина за смртта „обично се составуваат во период од четири до шест недели“, рече Крис Рамирез, портпарол на канцеларијата на медицинскиот иследник во Ново Мексико.
„Сакаме да се погрижиме истрагата да биде спроведена правилно и да објавиме точни информации“, изјави шерифот Мендоза во четвртокот.
Во семејната изјава, ќерките и внуката на Хекман рекоа дека се „скршени од загубата“.
„Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на нашиот татко Џин Хекман и неговата сопруга Бетси“, се вели во соопштението. „Милиони ширум светот ја сакаа и се восхитуваа на неговата брилијантна актерска кариера, но за нас тој секогаш беше само татко и дедо. Ќе ни недостига неизмерно“.
Смртта на оскаровецот се случи само неколку дена пред престижното доделување на Оскарите, кое ќе се одржи викендов.
Извор запознаен со подготовките за Оскар изјави за Си-Ен-Ен дека Хекмен ќе биде одликуван за време на церемонијата во недела.
Иако деталите сè уште не се финализирани, една можност е дека сегментот „In Memoriam“ може да се прилагоди за да ги вклучи придонесите на Хекман во киното. Исто така, можно е да се одржи специјална почит на сцената, можеби од водителот Конан О'Брајан или друга славна личност која ќе му оддаде почит на овој актерски великан.
Во текот на својата петдецениска кариера, Хекмен освои два Оскари и пет пати беше номиниран.