Познатиот тапанар на Ролинг Стоунс цел живот сакаше само една жена: Чарли Вотс беше повеќе од пет децении во брак со неа
фото:PROFIMEDIA
Веста дека славниот рокер почина завчера ги потресе неговите обожаватели од цел свет.
Прославениот тапанар Чарли Вотс не' напушти на 80 -годишна возраст, а според британските медиуми, смртта настапила во болница во Лондон. До последен момент, семејството било со него, што многу му значело.
Иако ја воодушевуваше публиката ширум светот со легендарниот бенд „The Rolling Stones“ од 1963 година, Чарли не се гледаше себеси како типичен рокер со развратен начин на живот, туку одеше сам во хотелски соби по концерти и свирки, за разлика од неговите колеги кои бурните ноќи со обожавателите ги чекаа со насмевка.
Тој ја запознал својата сопруга Ширли Ен Шеферд за време на студиите на Факултетот за применета уметност. Вотс студирал графички дизајн, додека Ширли била бруцош во одделот за скулптури. По една година професионален ангажман во познатата група, овој пар одлучи да даде завет за вечна љубов, а четири години подоцна станаа родители на девојчето Серафина Вотс.

Нивната љубов не успеа да ја разниша ни посетата на Чарли во вилата Плејбој - на Хју Хефнер, каде Ролинг Стоунс настапи на приватна забава.
Брачната идила траеше до средината на 1980-тите, се додека Вотс не се зауби во шармот на опијати и алкохол. Но, тој успеа да се врати на својот стар начин на живот по неколку години лекување, а Ширли му прости.
Тие живееја во Девон, каде што поседуваа фарма за коњи, а наследничката, нивната ќерка Серафина им подарила внука, Шарлот, во почетокот на 1996 година. Нивната среќа траеше 57 години, до неговата смрт - што докажа дека вистинската љубов нема граници.
Чарли со неговите колеги настапуваше низ целиот свет, се до почетокот на пандемијата.
извор:GLOSSY