Прекрасна причина: Зошто вашата ќерка е најголемиот подарок што некогаш сте го добиле

Добивај вести на Viber

Ова е причината: Зошто вашата ќерка е најголемиот подарок што некогаш сте го добиле

Во моментот кога се роди ќерка ми, знаев дека мојот живот се смени на подобро.

Ќерка ми се роди една топла јунска вечер пред скоро девет години. Неколку часа откако таа дојде на овој свет, мојот сопруг спиеше додека јас го држев моето првородено, моето девојче во рацете и го погледнав во нејзиното убаво лице.

Тогаш за првпат бевме сами. Таа не плачеше ниту се лутеше. Ние само тивко си ги проучувавме лицата една со други со слабото светло на болничкиот ходник и веднаш знаев дека мојот живот се сменил на подобро.

Еве десет причини зошто мојата ќерка е најголемиот подарок што некогаш сум го добила:

Нејзината убавина ми го одзема здивот

За мене нема поубаво дете, одвнатре или однадвор. Нејзиното сочувствително срце, авантуристички дух и топлите сини очи ме потсетуваат секој ден дека сè уште има добро на овој свет.

Таа е мојата најдобра другарка

Се смееме кога растопениот сладолед ќе почне да ни тече низ прстите.

Ние споделуваме дневни настани додека таа се гнезди под моето ќебе. Се сакаме безусловно, се извинуваме кога грешиме, си веруваме, се поврзуваме и комуницираме. Ние го цениме времето што го поминуваме заедно.

Таа ќе се грижи за мене кога ќе остарам

Таа ќе биде таа што ќе ми го избрише сокот од јаболко од брадата кога моите растреперени раце ќе станат немирни. Таа ќе ме однесе на лекар и ќе ми ја турка инвалидската количка. Таа ќе се грижи за мене кога веќе нема да можам да се грижам за себе.

Знам дека ќе можам да се потпрам на неа кога ќе се заврши моето време на земјата и не можам да мислам на друга личност со која повеќе би сакала да го поминам тоа време отколку со неа.

Таа се угледува на мене

Таа е сè уште мало девојче, па верува дека јас ги ставам ѕвездите на небото.

Таа верува во мојот збор само затоа што е мој

Таа секогаш доаѓа во моја одбрана кога светот ќе ми каже дека не сум доволно добра, доволно важна или недоволно паметна.

Таа верува во мене - и се надевам дека секогаш ќе верува

Таа има заразна насмевка

Колку и да ми беше лош денот, насмевката на ќерка ми може да го направи светот повторно убав. Таа е моќна, магична и духовна.

Јас и таа имаме нераскинлива врска

Знам дека доаѓаат нејзините тинејџерски години. Знам дека нема секогаш да се согласуваме и ќе се расправаме, но врската меѓу нас две никогаш нема да биде прекината. Таа е премногу важна, драга и сакана да би го дозволила тоа некогаш.

Таа е моја и горда сум што е така

Често се фалам со ќерка ми и никогаш нема да се извинам за тоа. Сакам светот да знае дека ова убаво, љубезно, сочувствително, паметно и талентирано дете е мое. Таа е мојот најголем извор на гордост.

Таа е единствената работа што ја направив како што треба

Направив милион работи погрешно, но таа не е меѓу нив. Еден поглед во неа и знам дека направив нешто добро во овој живот.

Таа е се најдобро од мене и нејзиниот татко

Сè што сакам за нејзиниот татко, сакам за неа. Мојата сила е видлива во неа. Таа сме ние двете, без грешки и недостатоци што ги поседуваме.

Таа е моја засекогаш

Таа е моја. Оваа девојка е моја. Овој скапоцен извор на радост е мој.

Таа е мојата ќерка, мојата светлина, мојот живот

Таа е моја.

Син е твој син додека не се ожени со жена, но твојата ќерка е твоја ќерка до крајот на животот.


Извор: pozitivnastav

Можеби ќе ве интересира:

7 карактеристики кои децата ги наследуваат исклучиво од татковците