Преку ден сончево и многу топло, наутро свежо: За 1-ви Мај температура и до 30 степени

Добивај вести на Viber

Извор: ФАКТОР

Стабилно и сончево време не очекува од денеска па се до празникот според метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

- Од вторник 29 април, па се до четврток 1 мај времето кај нас ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност, а  и температурите ќе бидат во пораст преку ден.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопскиот регион се до четврток времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје таа ќе се искачува до околу 27/28 степени. Не се исклучува можоста во Повардарието температурите локално да се искачат и до 30 степени - нагласува Поповски.

Сепак, утрата ќе бидат посвежи со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени.

Поради тоа што за 1 мај очекувам стабилно, суво, топло и претежно сончево време, иако ветровито, сепак, ќе биде топло преку ден, уште одсега можете да си планирате каде би оделе на прошетка  и каде би правеле скара на отворено и да уживате во првомајското преубаво време.

Фото: Freepik.com