(ВИДЕО) Презема екстремни мерки кога се враќа дома: Како изгледа една работна смена од 13 часа

Добивај вести на Viber

Свесни сме за целата напорна работа што ја работат лекарите и медицинските сестри. Но, за многумина тешко е да предвидат како вистински изгледа нивниот ден. Медицинската сестра Елисе Исопо реши да го снима своето секојдневие.

Прво, лошата вест. Очигледно, работите се сериозни. Елисе работи 13-часовни смени. Таа поентира дека сите работи што луѓето ги слушаат во вестите се вистинити. Болниците се пренатрупани со пациенти, а персоналот мора да преземе екстремни мерки за да им обрати внимание на сите.

Сега добрата вест. И покрај тоа што е исцрпена, Елисе сепак успева да ја покаже работната атмосфера на позитивен начин. На нејзините снимки се гледа храбар тим што работи заедно, обидувајќи се што е можно повеќе за да спаси пациентите.

Таа има чувство на оптимизам во нејзиниот глас. И покрај тоа што најверојатно не очекувала да работи толку многу часови во време кога ја започнала оваа работа, може да се види дека медицината е навистина нејзина страст.

Еден од најинтригантните делови на видеото Елисе го покажува дома. Како мајка, таа признава дека е исплашена што може да го пренесе вирусот на своите деца, па презема екстремни мерки. Мерки што сите треба да ги преземеме.

Не само што ги соблекува чевлите пред да влезе во куќата, туку влегува од задниот дел и се осигурува дека чантата е дезинфицирана со Лисол. Дури и нејзината лична карта ја дезинфицира. Сè што било во болница со неа, го смета за ризик. За среќа, нејзините деца се добро запознаени со протоколот. Тие сметаат дека нивната мајка е херој.

Погледнете го видеото и видете како навистина изгледа во болниците деновиве и што прави медицинската сестра кога ќе стаса дома: