Принцот Филип полни 99 години: Ќе наздрави со неговиот омилен пијалак

Војводата од Единбург денеска го прославува својот 99-ти роденден во изолација во дворецот во Винздор, каде се наоѓа од март годинава. Денот ќе го помине со својата сопруга кралицата Елизабета Втора, со која е цели 72 години во брак, а очекува видео-повици со честитки од децата, внуците и правнуците.
Бекингемската Палата објави низа фотограгии во негова чест. Принцот Филип од 2017-тата се повлече од кралските должности, но секогаш е тука за кралицата Елизабета.
Се претпоставува дека принцот ќе наздрави за својот роденден со омилениот пијалак, поточно пиво од пиварата „Boddingtons“ ( регионално пиво од Манчестер, за жал пиварата е затворена од 2005-та година, па последните 15 години, тој мора да пие пива од други брендови).
Едноставно Филип преферира пиво, пред секој вид на алкохол. Тој толку обожава пиво што се зборува дека кога од страна на поранешниот премиер на Италија Џулијано Амато му било понудено скапо вино на вечера во Рим, рекол „ Дај ми пиво, не ми е гајле кое. Само нека биде пиво.“
Неговата сопруга пак има префинет вкус и омилен пијалак ѝ е коктел по име „Dubonnet“ составен од џин, слатко француско вино и лимета.