Актуелно // Жолта минута
„НИ ПРИСТИГНА БОГДАНА“: Ќерката на Гоца Божиновска сподели убава вест, уште една прослава во домот на пејачката

Ќерката на Гоца Божиновска, Зорана Шијан неодамна се породи, а сега пристигна уште еден член во нивното семејство.
Се огласи Јелена Вучковиќ, постарата ќерка на Гоца Божиновска и ја сподели радосната вест.
- Стигна Богдана, тето - напиша Јелена и додаде емотикони со кои ја изрази својата среќа.
Зорана Шијан се породи во Америка и роди девојче
- Фала му на Бога, нека се слави, доста имаше грди работи. Гоца моментално е во Америка, таму ќе биде два до три месеци да помогне. Јас би отишла, но треба да земам виза, тоа е процес. Сепак, дефинитивно планираме да одиме - неодамна откри Јелена за Телеграф.
Инаку, Јелена се разведува од сопругот по 13 години брак.
- Така е, се разведувам по 13 години брак. Водел двоен живот, живеел со друга жена три години, дознав сѐ. Му посветив сѐ. Се обидов да зачувам што можеше да се спаси, но не успеа. Го сакав, сакав да бидам само со него, но еве. Не ни работев поради него, му се посветив, а тој одеше со други жени - рекла Јелена криејќи ги солзите.
Извор: Курир/Блиц