ПРИВАТНА ВИЛА, ЛУКСУЗ, ИЗБРАНО ДРУШТВО И ТОРТА НА ПЕТ КАТА! Вака изгледа прославата на роденденот на Огнен Амиџиќ

Добивај вести на Viber

Иако роденденот му беше на 17 јуни, Огнен Амиџиќ поради деловни обврски тогаш не беше во можност да организира прослава. 

Неколку дена подоцна реши да изнајми приватен имот и да направи забава под отворено небо.

Огнен ги собра своето семејство и пријателите, а дел од атмосферата ја сподели со своите следбеници на Инстаграм. Главната торта имаше пет нивоа, секое во различна боја, а водителот доби и дополнителна чоколадна торта украсена со роденденски свеќички.

 Роденденски очила и балони во форма на бројот 50 беа дел од декорацијата, а магичен огномет го осветли небото.

Сопругата Мина му го честиташе роденденот јавно, а нејзината емотивна порака ги воодушеви следбениците:

– Среќен јубилеен, мојот сè! Знај дека си најсаканиот човек на светот.

Извор: Kurir