ПРОФ. АЛЕКСЕЈ ДУМА: Обдукциите на карбонифицирани тела се крајно комплицирани, но колегите ќе излезат со најпрецизни резултати

Добивај вести на Viber

Долгогодишниот експерт по судска медицина, професорот Алексеј Дума, кој повеќе години беше прв човек на Институтот по судска медицина, во разговор за Фактор вели дека обдукцијата на телата на починатите во големиот пожар што ја зафати модуларната болница во Тетово е исклучително тешка и комплицирана постапка, но уверен е како што вели дека неговите помлади колеги ќе достават најпрецизни и точни резултати.

-Јас сум навистина пријатно изненаден што од синоќа досега веќе се завршени четири обдукции на телата на изгорените пациенти, бидејќи за такви анализи се потребни многу посебни и специјални подготовки, пред се за заштита на персоналот. Се работи со скафандери, со посебна заштита, салата после секоја обдукција мора темелно да се исчисти, да се направи дезинфекција заради заштита на сите вработени во Институтот за судска медицина. Колку се оштетени телата навистина незнам, но најавија ДНА анализа, што подразбира дека се сериозно оштетени и тоа значително ја отежнува работата. Сепак, знаејќи ги луѓето, а тоа се врвни експерти од прва категорија, сметам дека се ќе сработат максимално најпрофесионално.

Деталите читајте ги на Фактор тука.


ФОТО: Принтскрин-Центар за истражувачко новинарство