ПРОСЛАВА ВО ДОМOT НА ПОРАНЕШНАТА НА ЛАЗИЌ! Објави радосни вести па го поткачи пејачот: Само ние двајца, отсекогаш и засекогаш (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Марина имала само 19 години кога започнала врска со Дарко Лазиќ, со кого го добила синот Алексеј. 

Тие двајца се верија, но наскоро следеше крајот на нивната врска.

Марина Гајиќ на социјалната мрежа Инстаграм објави низа фотографии од роденденот на синот Алексеј. Наследникот на пејачот Дарко Лазиќ и Марина го прослави својот 6-ти роденден, а гордата мајка покрај фотографиите се огласи и со емотивна порака.

Без големи зборови, само ние двајца, отсекогаш и засекогаш. Шест години љубов, насмевки и нашата мала магија. Среќен роденден, животе мој – напиша Марина.

Нејзината емотивна порака предизвика голема врева на социјалните мрежи, па многумина ги протолкуваа нејзините зборови како провокација кон поранешниот партнер, токму поради првата реченица.

Printscreen

Да потсетиме, Марина имала само 19 години кога започнала врска со Дарко Лазиќ, со кого го добила синот Алексеј. Тие двајца се верија, но крајот следеше брзо потоа.

Инаку, Дарко истакнува дека со поранешната сопруга Ана Севиќ е во одлични односи, исто како и неговата сопруга Катарина, додека пак Марина не сака да се дружи со поранешниот.

Марина, да потсетиме, своевремено зборуваше дека конечно со Дарко се „во нормални односи“, но дека не сака „да претерува“, сметајќи дека претераната блискост е непотребна.

Извор: kurir.rs