Прослава во домот на Ражнатовиќ! Богдана и Вељко денес се најсреќни - снаата на Цеца го објави големиот настан на мрежите

Денес е посебен ден за Цеца и нејзините најблиски, бидејќи точно пред пет години се роди првиот наследник на Вељко, а најстариот внук на пејачката, кој го доби името по неговиот дедо Жељко. Гордата мајка не ја криеше својата среќа и возбуда за овој значаен ден. На својот Инстаграм профил, таа сподели колаж од фотографии кои евоцираат радосни моменти.
-Роденденко. Голема 5 -ка. Среќен роденден, момче - напиша Богдана во најновата објава на Инстаграм и предизвика многу коментари во кои беа наредени најубавите желби за славеникот.
Судејќи според фотографиите што ги преплавија мрежите, овој роденден сигурно ќе се памети по насмевки, прегратки и незаборавна семејна радост, а нема сомнение дека овој пат семејството Ражнатовиќ ќе организира забава за паметење и вистинска бајка за Жељко и неговите пријатели.
Иако деталите за прославата сè уште не се познати, се верува дека ќе биде весела, раскошна и полна со љубов, како и секогаш кога некое од најмалите слави роденден.
Патем, најстариот внук на Цеца често го покажува музичкиот дар што го наследил од баба му и тетка му, па затоа не е невообичаено да го забавува семејството со песна и танц.
Извор: Kurir.rs