Прва фотка на Северина со синот од кога доби старателство: Оваа глетка ги топи срцата
Во приватниот живот на регионалната поп -музичка sвезда Северина Вучковиќ (49), важните настани се нижат со молскавична брзина.
Пред две недели пејачката преку официјален мејл ја извести јавноста дека се разведе од Игор Којиќ (34) по шест години, а завчера радосната вест ја сподели со публиката на настапот во Црна Гора дека повторно е старателка на нејзиниот син Александар (9) кој го доби во бракот со бизнисменот Милан Поповиќ.
Денес, за прв пат по долго време, таа објави фотографија со својот син и ги разгали своите обожаватели кои беа со неа сите овие години.
Мајката и синот во моментов уживаат во морето, и како што изјави Северина: „Битката е добиена“.
Потсетуваме дека беше донесена пресуда во која Северина има право да поминува половина од времето со својот син, а исто така беше утврдено дека нема основи да и се одземе старателството.