Првата дама ги засука ракавите: Македонско традиционално јадење од рацете на Елизабета

Добивај вести на Viber

Првата дама направи традицинална пита со семејството Недановски кои одгледуваат се' што може природата да даде и како што вели Елизабета, главни состојки во секое јадење што го подготвуваат се љубовта и надежта, и она што е најважно, задоволството и споделената енергија што им останува на крајот од денот.

Елизабета на својот официјален Инстаграм профил сподели фотографии од нејзината викенд посета во Рамне, Охрид кај семејството кое храната што ја подготвува е од нивни домашни производи.



Традиционалната пита која ја подготви таа заедно со Недановски изгледа превкусно.

„Традицијата е движечка сила во семејството Недановски, Наташа, Васко и нивниот дванаесетгодишен син Петар. Тие стојат зад името 'Пирустија'.

На околу илјада метри надморска височина, во Рамне, тие одгледуваат се' што може природата тука да даде, рузмаринот е во миризливи грмушки, јајцата се свежи, киселото млеко самите го прават...

Главните состојки во секое јадење се љубовта и надежта, а она што е најважно, како што вели Наташа, е задоволството и споделената енергија што им останува на крајот од денот“ - напиша Елизабета.