Работи повеќе од 50 години: Најстарата манекенка го откри својот рецепт за долг живот

Мeј започнала да работи
како модел уште од 1960-тите години, кога имала само 15 години. Иако во тој
бизнис била многу успешна, денес е позната по тоа што го одгледа мулти
милијардерот Елон Муск
Најстарата манекенка Меј Муск неодамна објави
книга, „Жената прави план: Совети за живот во авантура, убавина и успех“, во
која пишува за тешки моменти, развод, но и за воспитување на милијардер ...
Меј работи како модел повеќе од 50 години - таа
започнала во 1960-тите, кога имала само 15 години. Иако беше многу успешна во
бизнисот, денес е позната по тоа што го одгледа мулти милијардерот Елон Муск,
ко-основачот на PayPal, SpaceX и Tesla Motors. Покрај него, таа има уште две,
исто така многу успешни деца.
- Луѓето често ме прашуваат како одгледав такви
успешни деца. Им велам дека најмногу ги научив на напорна работа и дека им
дозволував и ги охрабрував да го прават она што го сакаат - напиша Меј за CNBC.
Со оглед на тоа што таа по професија е и нутриционист,
Меј советуваше бројни жени како да ја одржат линијата, а како подарок им подари
неколку од нејзините омилени рецепти.
Совети на Меј Муск за успешен живот:
Направете
добар распоред
- Јадете кога сте гладни, но и кога не сте. Ова ќе
ве спречи да се прејадете подоцна. Обично гладувам околу пладне, па затоа си
правам половина ручек околу 10 часот претпладне, а остатокот во 12 часот
Јадете го само она што ви се допаѓа
- Ако не ви се допаѓа вкусот, не јадете или не пијте
го без оглед колку е здрав
Опуштете
се, а понекогаш и „измамете“ во вашата диета
- Мојот син отвори ресторан. Знаев дека ќе јадам
многу на отварањето. Не верувам дека сè што ќе јадам нездраво треба веднаш да го
отстранам со тренинг
Бидете секогаш информирани
- Секојдневно следам написи напишани од нутриционисти
затоа што тие се најрелевантни
Славете го
секој ден
- Навистина мора да уживате во секој ден.
Фото: Инстаграм