Разводот – поскарантински страничен ефект број 1

Најнеобичните странични ефекти на пандемијата со коронавирусот се неочекуваната популарност на филмот „Зараза“ од 2011 година, предупредувањата на произведувачите на водка дека нивниот производ не заштитува од новиот вирус и зголемениот процент на барања за развод во Кина.
Со смирувањето на епидемијата и постепеното олеснување на рестриктивните мерки, во Кина е забележан видлив скок на бројот на барања за развод во провинциите со најригорозен карантин. Властите велат дека тоа се должи на долгиот период поминат дома, за време на кој брачните партнери биле без излез во надворешниот свет и без тн. „личен простор“.
Не се знае дали овој страничен ефект ќе се прошири и во другите земји по најавеното постапно олеснување на рестрикциите.
„Глобал тајмс“ јавува дека во кинескиот град Ксиан се поднесени рекорден број барања за развод во изминатите неколку недели. Има неколку причини за тоа, објаснуваат експертите. Прво, канцелариите без затворени повеќе од месец па со нивното отворање логично е евидентиран зголемен број барања. Од друга страна, двојките, се чини, изолирани подолго во мали станови, создале високозапалив амбиент за брачни расправии, што сега се манифестира и со зголемениот број барања за развод.
Ова обезбедува интересни податоци за истражувачите, кои не можат да се решат дали времето поминато заедно на мал простор влијае позитивно или негативно на двојките.
Базично, клучот е во балансот, вели Роб Паскал, автор на книгата „Правејќи бракот да успее“, кој смета дека за добар брак се потребни и други предуслови.
-Микс од времето со пријателите и семејството, времето поминато заедно како двојка и времето одделено лично за себе од секој од партнерите додаваат брачен квалитет- вели Паскал за предусловите кои во услови на домашна изолација практично е невозможно да се обезбедат.