(ФОТО) Рим: Убавините во време на КОВИД-19

Добивај вести на Viber

Рим, во време на КОВИД-19 е град ранет и сам, сосема сам.

Рим не е навикнат да е сам, и ова молчење кое го обвива веќе некое време е скоро наглушувачко. На неговите улици веќе не одекнуваат чекорите на туристите, смеата на децата што играат во парковите, копитата на коњите кои им нудат романтични прошетки на заљубените.

Како и многу други градови во светот, Рим исто така е во застој. Сега е напуштен град, сите продавници се затворени, дури и канцелариите се затворени, нема отворен ниту бар, ниту ресторан. 

Само мал број на луѓе кои излегуваат надвор, од неопходност и на кратко време, носејќи маски што ги прави уште поанонимни.

Природата се враќа во градот

Некои животни полека се враќаат во градот, а помалку луѓе околу себе за нив значи помалку нарушувања и повеќе можности за да најдат храна, топлина и безбедност.

© ItalyArt / unknown

© iStock / istock-dk

Тревата има тенденција да си ја врати сопственоста во градот

Расте свежа трева помеѓу калдрмите, поради фактот дека веќе никој не шета по тротоарот.

© Ag. Toiati / Daniele Leone

Солидарност

Што е со оние кои немаат куќа? Во Рим постојат многу иницијативи за солидарност во корист на најранливите, најмалку среќните луѓе. Во Рим има околу 15.000 бездомници кои преживуваат благодарение на солидарноста на другите.

© iStock / zodebala


извор: itinari/Mara Noveni