Родени во иста година, но кој би рекол дека се генерација: За нив како времето да застанало

За некои јавни личности од регионот како да запрело времето, па затоа би
било тешко да се поврзат со своите врсници.
Многумина на сцената се обидуваат да ја сокријат својата возраст, а некои дури успеваат да го сторат тоа со разни корекции на изгледот или долгорочна нега на лицето и телото. И покрај нивната возраст, некои од нив изгледаат многу млади, а некои не.
За некои како Снежана Снека Бабиќ, времето како да запрело, па изгледа скоро идентично со почетокот на нејзината кариера. Повеќето од вас не би погодиле колку години имаат овие дами, ниту ќе верувате дека некои од нив се врсници, со оглед на тоа колку се визуелно различни?! Избравме неколку за вас, па проценете сами дали би ги класифицирале во генерацијата на која припаѓаат.
1972 година (48 години)
Стојанка Новаковиќ Стоја - Северина Којиќ
Стоја е позната и на сцената како најмлада баба меѓу пејачите затоа што го добила своето прво внуче кога имала 33 години, додека нејзината врсничка Северина веќе била позната по својот славен филм за возрасни, кој сите сè уште го паметат. На прагот од шестата деценија, и двете сè уште се секс симбол на јавната сцена.
1984 година (36 години)
Марија Шерифовиќ - Миа Борисављевиќ
Миа Борисављевиќ наполни 36 години во јуни. Евровизискиот победник и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ,има исти години. Музичкиот и визуелниот стил што го негуваат со текот на годините е сосема поинаков, па веројатно многумина би биле измамени ако треба да проценат на која генерација припаѓаат тие две.
1950 година (70 години)
Неда Украден - Јосипа Лисац
Неда Украден ја започна својата музичка кариера на само 17 години, далечната 1967 година, а помалку е познато дека е на иста возраст со Јосипа Лисац. Она што ја издвојува Јосипа од другите јавни личности е нејзината смелост во комбинирање на неколку музички жанрови, како и модни креации кои многумина ги нарекуваат авангардни, додека стилот на Неда е многу прифатен и сакан дури и на 70-годишна возраст, дури и од многу помладите генерации.
1973 година (47 година)
Светлана Цеца Ражнатовиќ - Александра Ковач
Цеца наполни 47 години во јуни, а на локалните медиуми на шега изјави дека се чувствува „како да има 14 години“. Иако оваа година стана баба, фолк sвездата изгледа подобро од кога било.
Дали претпоставувате дека нејзината поп колешка Александра Ковач е на иста возраст?!
1967 година (53 години)
Снежана Бабиќ Снеки - Весна Дедиќ
Снеки е дефинитивно пејачка чиј изглед воопшто не се менува, па затоа честопати може да се слушнат коментари за тоа дека е „застаната во времето“ или „балсамирана како фараон“. Нејзиниот виток раст, но и затегнатото лице без брчки, служат како пример на сцената со децении, каде што сите се натпреваруваат да изгледаат млади и убави што е можно подолго. Водителката и писателка Весна Дедиќ исто така има добра старост, а ние би оставиле на вас да процените дали таа и Снеки на прв поглед би имале 53 години.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Цеца Ражнатовиќ ја воодушеви публиката: Стајлинг за чиста десетка