Животна училница // Приказни
Руската принцеза која ја „покори“ Македонија: Таа беше топ манекенка

Таа беше една од најпознатите манекенки кај нас во осумдесеттите години. Фантастична убавина, грациозно тело, манири како на руска царица...
Ирина Доганџиска (сега Илиевска) важеше за топ моделка во тоа време, заедно со уште неколку наши познати манекенки. Уште кога се појави, нејзината кариера замина вртоглаво во нагорна линија, насловни страници, каталози, ревии, фотосесии... Сите ја бараа. Овде дојде од Молдавија, тогашна држава во склоп СССР, нејзината родна земја и остана да живее во Скопје.
Потоа стана дел од модната агенција Моделс ин, работеше како кореограф на Моден викенд Скопје, а сега е во Израел каде живее со едниот од двајцата синови.