Животна училница // Приказни
Сахарско жежок ветар оваа недела: Екстремениот топлотен феномен, со температури од 50 ќе направи вистинска катастрофа во Европа и на Балканот
Екстремно врел воздух од Северна Африка ќе почне да зафаќаат големи делови од Европа во текот на овој викенд, што според метеоролозите се опишува како „катастрофален топлотен бран“. Ваквиот феномен, според научниците, се припишува на ретките сирокоски ветрови кои од пустината Сахара ќе донесат уште повисоки температури и ќе создадат неиздржливи временски услови во јужна Европа.
Се очекува Италија да ја доживее првата експлозија од бруталната топлина во недела, жештината да се рашири југоисточно кон Грција, Бугарија и Турција.
Синоптичарите очекуваат живата на термометрот да се движи над 40 степени викендов пред да се искачи до 45 Целзиусови степени, па дури и 50 Целзиусови степени до крајот на следната недела.