Сакала да заштеди за сперма па побарала донор на фејсбук: Во 2020 Лаура го родила својот син, но неколку години подоцна сфатила дека е во ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ

Добивај вести на Viber

Лаура Колдман од Лестер, очајнички посакувајќи второ дете, во 2020 година одлучила да побара донор на сперма преку Фејсбук, приклучувајќи се во група за бесплатни донации.

По четири обиди, го родила својот син Калум Антонио Рајан.

Меѓутоа, дури по раѓањето, Калум почнал да покажува доцнење во развојот и сложени дополнителни потреби. Колдман се сомнева дека донорот е поврзан со тие проблеми, бидејќи и друга деца зачната од него имаат невродивергентни особини. 

Поради тоа, таа сега ги предупредува другите мајки: бесплатните донори на социјалните мрежи можат да бидат непоуздани и правно ризични.

Таа истакнува дека, иако не жали што го има Калум, не би го повторила истиот чекор и советува: „Не знаеш доволно за некого. Можеби крие минато или здравствени проблеми. Ризикот е голем.“

 Колдман покрена и страница на GoFundMe за да собере средства за адаптирана спална соба за својот син, бидејќи му е потребна постојана грижа и безбедносни мерки во домот.

Во Велика Британија, обезбедувањето сперма без лиценца од HFEA е незаконско, а донорите можат правно да бидат сметани за татковци, со сите родителски и финансиски обврски.

Извор