САКАТЕ РАБОТА ОД ПЛАЖА - овој италијански остров ќе ви плати 15.000 евра за таму да се преселите

Добивај вести на Viber

Сонувате да живеете во Италија? Можеби да работите од плажа? Еве ја вашата шанса да направите потег и (некако) да добиете плата за тоа.

Fortune пишува дека Сардинија, италијански остров во Средоземното Море, објави дека ќе им плати на луѓето до 15.000 евра за да се преселат таму. За финансирање на програмата, регионалната влада одвои 45 милиони евра за 3.000 новодојдени, пренесува Investor.me.

„Создадовме услови младите да одлучат да останат и да го развиваат економското ткиво на најкревките територии“, рече претседателот на Сардинија, Кристијан Солинас, во соопштението за печатот. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash