Само неколку месеци по свадбата ме изневери ѝ простив поради децата: Искрена исповед на изневерен маж

Добивај вести на Viber

Еден маж споделил длабоко лично и многу непријатно искуство — по 15 години брак открил дека сопругата со години го изневерува, а ситуациите низ кои минувал би го скршиле секој маж.

„Заедно сме 15 години. Само неколку месеци по свадбата ме изневери. Бев доволно глуп за да ѝ простам, а потоа спиеше и со мојот најдобар пријател — тоа ме уништи,“ започнува својата исповед разочараниот маж.

Тој објаснил дека, откако дознал, од освета имал односи со девојка од клуб, а сопругата била бесна кога дознала. „Сега имам 37 години, таа 35, и имаме три деца. Пред четири години отидов да работам на Блискиот Исток. Кога се вратив, ми рече дека има секс со друг маж и дека не сака повеќе интимност со мене.“

„Кога ќе се обидам да ја прегрнам, се тргнува како попарена. Кога ме гледа гол, се смее и вели дека другиот маж е подобар од мене. Дури и кога имаме секс, среде однос ме одгурнува,“ раскажува Британецот.

Ситуацијата потоа се сменила: таа сакала да има целосна контрола и постојано барала секс, како и нова раскошна свадба. „Не сакам да трошам пари на тоа, но размислувам да одам во клиника за зголемување на пенисот, мислам дека тоа можеби би помогнало. Ми е срам од нејзините постапки и зборови, но мислам дека поради децата треба да останам со неа. Таа е добра мајка, но не е добар пример за нашите деца,“ заклучил тој.

Извор /Freepik