Само несреќните знаат што е среќа: Најдобрите цитати од генијалниот писател Ерих Марија Ремарк

15 најдобри цитати од овој генијален писател!
Ерих Марија Ремарк е еден од најчитаните германски
писатели, неговиот живот беше многу тежок. На 18 години бил повикан да служи на
Западниот фронт, каде бил ранет во левата нога, десната рака и вратот. Тоа
искуство било основа за пишување на романот „Ништо ново на Запад“, каде што тој
ја опишува бруталноста на војната, како и за неколку други антивоени приказни.
Многу други дела на Ремарк исто така се темелат на
слики и настани од животот на писателот. Меѓу нив и романот „Тројца воени
пријатели“. Тој пишуваше за љубовта и војната, за судбината на луѓето, волјата
и верата, и со своите бесмртни дела порасна за повеќе од една генерација.
15-те најдобри цитати на овој генијален писател,
во кои толку точно се забележани едноставни, но многу важни вистини.
„ За среќа може да се зборува околу пет минути, не
повеќе. Нема што да се каже освен дека сте среќни. А, за несреќата луѓето
зборуваат цела ноќ“
„Колку помалку има самољубие кај човекот, толку
повеќе вреди“
„Само будалата победува во животот. Паметниот
гледа само препреки насекаде, а пред да започне нешто, веќе ја изгубил вербата
во себе“
„Додека човекот не се предаде, тој е посилен од
својата судбина“
„Она што не можете да го добиете секогаш изгледа
подобро од она што го имате. Тоа е романса и идиотизам на човечкиот живот“
„Нема ништо позаморно од присуството на тоа, кога
мажот го демонстрира својот ум. Особено ако нема ум“
„Жената не е метален мебел; таа е цвет. Таа не
сака активности. И требаат сончеви, слатки зборови. Подобро е да и кажуваш
нешто пријатно секој ден, отколку да работиш за неа со мрачен бес цел живот“
„Само несреќните знаат што е среќа“
„Во суштина, човекот е вистински среќен само кога
посветува најмалку внимание на време и кога не го прогонува стравот. А сепак,
дури и да ве прогонува стравот, можете да се смеете. И што друго ти останува да
направиш?“
„Среќата е најнеопределената и најскапата работа
на светот“
„Најголемата омраза се јавува кон оние, кои успеале
да го допрат твоето срце, а потоа плукнале во твојата душа“
„Ако престанеме да правиме глупости, тоа значи
дека сме стари“
„Најсилното чувство е разочарувањето. Не е
навреда, ниту њубомора, дури и омраза ... по нив, барем нешто останува во
душата, по разочарувањето – само празнина“
„Стоев до неа, слушав, се смеев и размислував
колку е страшно да сакаш жена и да бидеш сиромашен“
„Велат дека првите седумдесет години се најтешки
за живот. Тогаш работите одат глатко“
Можеби ќе ве интересира:
Најубавите цитати на Петре М. Андреевски: Од болест не се бега и од смртта не се бега