Само таа може да ѝ парира на Џенифер Лопез: Има 50 години и тело од соништата, а јаде сè освен една храна

Добивај вести на Viber

Познатата водителка изгледа „како авион“ во своите 50 -ти години, а еве ја нејзината тајна!

Познатата актерка и ТВ водителка Аманда Холден во февруари наполни 50 години, а врз основа на нејзиниот изглед, лесно може да помислите дека е многу помлада. 

Убавицата, која беше цел на бројни поплаки поради појавувањето на телевизија со огромни деколтеа, откри која е нејзината тајна. Таа не го припишува своето затегнато тело на добрите гени, како што често велат славните дами, туку признава дека вежба секој ден. 

Меѓутоа, кога станува збор за исхраната, Аманда има прилично опуштен пристап, што всушност не би го кажале врз основа на нејзиниот изглед - некој би помислил дека држи многу рестриктивна диета, но тоа не е така, вели таа.


Мајката на две деца вели дека јаде се‘ - претежно зеленчук и риба, но никогаш не се брани да не се почести со нешто што ѝ се јаде. 

„Мораш да уживаш во животот. Имав пријателка која за жал почина рано, во педесеттите години, а нејзиното најголемо жалење беше што го помина животот на диета. Мислам дека е во ред сее да јаде, но умерено“, споделува Аманда.


„Животот е премногу краток за да јадете храна без маснотии, шеќер, да не консумирате алкохол. Не верувам во храна со малку маснотии, јадам јогурт со полни маснотии, путер и сирење. И за време на викендите навистина се релаксирам. Сакам вино“, таа рече. 

Сепак, постои една група храна што таа ја избегнува - месо. 


Фото: Инстаграм/Аманда Холден

Срцето на нејзиниот син престана да чука: Го изгуби бебето во 7-миот месец од бременоста, а денес се бори вака