Самохран хомосексуалец од САД посвоил сираче од Камбоџа: Момчето стигна до Олимписките игри годинава во Токио

Добивај вести на Viber

Во јуни 2000 година, Џери Виндл од Флорида посвоил момче по име Џордан од Камбоџа. Џордан во тоа време бил многу слаб, но израснал во силен млад човек кој ја претставуваше Америка на Олимпијадата оваа година.


Џери отсекогаш сакал да биде татко. Тој долго време се бореше со процесот на згрижување, а потоа еден ден виде статија за животот на сирачињата во Камбоџа. Тој не се двоумеше ниту за момент да контактира со претставници на Камбоџа и наскоро доби вести што го сменија неговиот живот.


Во јуни 2000 година, Џери отиде во Пном Пен, Камбоџа, каде што го запозна својот син, Џордан, кој живеел во сиропиталиште откако починале неговите родители. Тој бил неухранет и имал тешки инфекции. Џери го одведе во неговата куќа на Флорида и веднаш стана негов вистински татко.


По враќањето во Соединетите држави, тие се соочиле со многу пречки. Џордан имал многу здравствени проблеми, бил исцрпен и слаб и комуницирал со Џери преку знаковен јазик пред да научи англиски. Тој тогаш имал две години, но само седум килограми. Џери не знаел дали ќе преживее, но вети дека ќе стори сé што може за да не мора повеќе да страда. Откако стана посилен, Џордан започнал да нурка и наскоро стана професионалец.


Неговите олимписки соништа почнаа да се остваруваат кога наполнил седум години. Во кампот, тој го привлекол вниманието на Тим О’Брајан, син на познатиот тренер за нуркање Рон О’Брајан. Џордан влегол во специјална програма и започнал да ги постигнува своите први успеси.


Оваа година, тој ги претставуваше САД на Олимписките игри во Токио, но и Камбоџа во неговото срце. Тој е првиот скокач на вода со камбоџанско потекло кој настапи на Олимпијадата.


Извор: 24sata.hr

Фото: Инстаграм/Jordan Windle