Актуелно // Жолта минута
Саша Поповиќ ѝ оставил во аманет обврска на неговата сопруга: Откриена причината зошто Сузана Јовановиќ не може да не е дел од „Ѕвездите на Гранд“

Пејачката Сузана Јовановиќ пред една недела се појави во студиото на „Гранд“ за да му врачи награда на победникот од шоуто „Ѕвезди на Гранд“, но поради вонредна програма на телевизијата, финалето беше прекинато.
Вечерва таа повторно се појави во емисијата, а сега е откриено и зошто – доаѓа да го поддржи Зоран Ружиќ, познат како Зоки Ферари, автомеханичар од Виена кој е и финалист во шоуто.
„Сале ми го остави во аманет. Го запозна во автосалон во Виена, каде што Зоки го сервисираше неговиот црвен ферари. Го ценам како човек и пејач – ќе гласам за него,“ изјави Сузана.
Зоки првпат го импресионирал Саша Поповиќ со својот глас токму во сервисот каде што работел.