„Се борела да преживее за да не ја остави ќерка си сама“: Теодора единствена се спасила од падот на надстрешницата во Нови Сад

Добивај вести на Viber

Таа е единствената преживеана во несреќата на Железничката станица во Нови Сад и сè уште ја води битката за закрепнување. 

Да потсетиме, пред неколку месеци стигнаа среќни вести дека Теодора Мартинко е надвор од животна опасност, но беше нагласено дека ја очекува долга рехабилитација поради исклучително сериозните повреди кои ги задобила и последиците што настанале.

Овие информации средината на мај ги потврди управничката на Клиниката за анестезија, интензивна терапија и терапија на болка при КЦВ, проф. д-р Теодора Тубиќ, која нагласи дека храброста и волјата на Теодора се нешто што во ваква тешка ситуација, покрај сè што направил мултидисциплинарниот тим за неа, претставуваат голем дел од успехот.

– Мислам дека при секоја болест таквата волја и таквата храброст многу ќе придонесат нејзината иницијална состојба, која според сите статистики беше таква што ниту не очекувавме дека ќе преживее, сега да можеме да кажеме дека е надвор од животна опасност и дека искрено се надеваме дека наскоро ќе биде отпуштена од нашата установа – рече таа тогаш.

Во медиумите се појавија тврдења дека Теодора која инаку е мајка на двегодишна ќерка, во моментот на извлекување од под рушевините, во бунило им кажала на спасувачите: Кажете ѝ на мојата ќерка дека ја сакам!

Волјата и храброста во борбата на живот Теодора ја покажала од првиот ден, мајка која лавовски се борела за својот живот, за ќерка ѝ да не ја остава сама!