Се породи Александра Пријовиќ: На свет донесе ќеркичка, еве ги деталите

Добивај вести на Viber

Пејачката Александра Пријовиќ денеска се породила во една приватна клиника и на свет ја донела ќеркичка.

Ова е второ дете на пејачката кое го доби со сопругот Филип Живојиновиќ.

Породувањето поминало во најдобар ред

Како што пишуваат српските медиуми, Александра се породила во една приватна клиника, а мајката и бебето се чувствуваат одлично. Во текот на денот во породилиште ја донел сопругот Филип Живојиновиќ.

Пријовиќ ја одржувала бременоста далеку од јавноста

Да потсетиме, младата музичка ѕвезда беше во медиумска „илегала“ за време на втората бременост, а повремено се огласуваше на Инстаграм каде што објавуваше свои фотографии, па можевме да следиме како пејачката изгледа од месец во месец.

Пријовиќ и Филип веќе имаат син по име Александар, кој со радост ја прифати веста дека ќе стане постар брат.

Живее во вила на Бежаниска коса

Да потсетиме, Филип и Прија во мај го реновирале својот семеен дом.

– Александра посака да направат соба за бебето и да ја преуредат постојната соба на синот Александар. Мајстори поголем дел од денот се во нивниот дом, додека Филип внимава сè да биде токму онака како што замислиле – изјави тогаш извор за „Блиц“ близок на познатиот пар.

Извор