Се сакам себе и горда сум како изгледам на 47 години: На што се должи изгледот на Цеца?

Добивај вести на Viber

Изгледот на Цеца се должи на добрата генетика, но и квалитетната нега.

Вистинска ѕвезда како Светлана Цеца Ражнатовиќ во секоја прилика зрачи со енергија која никој не остава рамнодушен. Зад нејзиниот беспрекорен изглед на сцена стои голем труд и работа со помош на професионални, стилисти и шминкери, но таа не би уживала во таквиот ѕвезден статус кој го има, доколку секогаш се крие зад совршената маска.

Затоа без двоумење умее да објави и фотографија во секојдневно издание без шминка на лицето. Коментарите на нејзиниот  природен изглед се секогаш позитивни, а Цеца не сокрива дека е навистина задоволна како изгледа, иако веќе има 47 години.

View this post on Instagram

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on


„Јас прво се сакам себе и од своето лице и тело не се срамам. Немам ниту резерва. Се негувам колку што имам можност, природните процеси нема никој да го заобиколат и тоа се нормални работи. Се ќе помине, но морате да бидете задоволни. Јас себе се сакам и ми се допаѓа како изгледам. Имам 47 години, многу сум горда и за мене годините се само број“ - кажа фолк ѕвездата во емисијата „Премиера“.