„Се сеќавам како огнена топка ми доаѓаше над главата, ме разнесе низ воздухот, сè што допирав беше жешко, не можев да гледам“: Исповед на преживеан од терористичкиот напад на 11 сепетември 2001 во САД

Џон Јејтс работел како менаџер за безбедност во Пентагон, силно обезбедуваното седиште на Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави во Арлингтон, Вирџинија.
Утрото на 11 септември 2001 година, Јејтс гледал во телевизорот за надзор со колега додека ги добивале извештаите за терористичките напади врз Светскиот трговски центар.
„Само стоев таму, бидејќи разговаравме и гледавме што се случува во Њујорк“, се сеќава Јејтс. „Потоа, се случи токму оваа огромна експлозија што дојде од зад мене и од левата страна. Се сеќавам како огнена топка ми доаѓаше над главата. Се сеќавам дека ме разнесе низ воздухот. Немав поим каде сум кога слетав. Собата веднаш стана црна од чадот. Сè беше моментално жешко. Температурата во собата се искачи од 75 степени на 1800 степени за само неколку секунди.“
Јејтс не знаел во тоа време, но летот 77 на „Американ ерлајнс“, авион киднапиран од терористи, се урна во Пентагон. Ударот на авионот, заедно со последователниот пожар во зградата, резултираше со смрт на сите патници и членови на екипажот во авионот и 125 луѓе во Пентагон.
Јејтс не се сеќава што се случи веднаш по силната експлозија. „Се сеќавам само дека мојата прва свесна помисла беше дека мојот најголем страв во животот е близу и дека ќе умрам во пожар“, вели Јејтс. „Следната мисла ми беше дека нема повторно да ја видам мојата сопруга, бидејќи во тој момент бев во брак помалку од 16 месеци.“
Несвесен за изгорениците што ги добил во експлозијата, Јејтс почна лда лази по подот од затемнетата канцеларија во Пентагон во обид да се ориентира.
„Во тој момент, болеше да дишам“, вели тој. „Болеше да се обидувам да се движам, бидејќи сè што допирав беше жешко и ме гореше. Не можев да гледам. Сè што правев е да гледам во подот. Лазев по остатоците, тавански светилки, стопена пластика од тавански светилки, столчиња на патот.“
Подоцна, Јејтс сфатил дека лазењето по земјата го повредува. „Тепихот на подот бил толку жежок што предизвикале отпечатоците од изгореници на неговите прст на рацете“, вели тој.
Јејтс конечно стигнал до блиската конференциска сала, каде што го слушнал гласот на колегата, полковникот на армијата Фил Мекнер. Потоа почувствувал како некој го зграпчува за глуждот. Подоцна дознал дека станува збор за друга колешка, Реџина Грант, која исто така го преживеала нападот и на крајот избегале од зградата.
После тоа, Јејтс слушнал глас кој му наложил да се упати кон одредена врата во собата. „Иако беше многу препознатлив машки глас, никогаш не можев да утврдам кој е“, вели Јејтс. „Затоа го сметам за мој ангел чувар“.
Кој и да беше гласот, му дал на Јејтс добар совет - вратата се отворила во ходникот помалку преплавен со чад. Откако легнал во ходникот, Јејтс станал и почнал да оди, каде што го забележале потполковникот на армијата Виктор Кореа и полковникот на армијата Карл Кноблаух. Кореа му помогнал да излезе од зградата и да влезе во дворот.
Иако Јејтс се сеќава како одел до носилка и како бил сместен во амбулантно возило, тој не сфатил што ја предизвикало експлозијата во Пентагон сè до подоцна.
„Немав поим што се случило“, вели тој. „Немав поим дека авион 757, кој се движел со повеќе од 500 милји на час, се удрил во надворешноста на зградата.“
Кога Јејтс се освестил, тој бил на одделот за изгореници во Болничкиот центар Вашингтон. Му рекле дека има многу важен посетител.
„Моето следно сеќавање е кога сопругата ме разбуди и ме праша дали сакам да се сретнам со претседателот Буш“, вели тој. „Мислев дека сè уште е 11 септември, но беше 13 септември.“
Во следните два и пол месеци, Јејтс се опоравувал во болницата. Како и другите преживеани, тој го смета проектот за реновирање на Пентагон како една од причините зошто е жив денес. Реновирањето е конкретно насочено кон тоа Пентагон да биде помалку ранлив на терористички напади. Започнато во 1990-тите, масовниот проект продолжува и денес.
„Мислам дека ако беше обичен варовнички екстериер и бетон... не мислам дека ќе бев тука денес, бидејќи авионот ќе влезеше многу подалеку во зградата“, вели Јејтс.
Полковник Винсент Кам
Воениот полковник Винсент Кам, кој исто така работеше во Пентагон на 11 септември 2001 година, вели дека реновирањата веројатно му го спасиле и животот. Кам водеше состанок кога летот 77 се урна во зградата.
„Всушност стоев веднаш зад прозорецот кога тоа се случи“, вели тој. „Тоа е причината зошто ја видов огнената топка како доаѓа кон мене, но прозорецот се држеше на место. Беше недопрен, не се скрши. Бев заштитен иако ми беше повредено ушното тапанче.“
Кам, кој страдаше од вдишување чад по нападот, всушност стоеше веднаш над местото на ударот. „Авионот во основа влезе низ првиот кат од Пентагон, а јас бев на третиот кат... “, вели тој.
Споменик на Пентагон
Споменикот на Пентагон ги одбележува и им оддава почит на загинатите во нападот. Споменикот, во близина на областа што беше погодена на 11 септември, беше завршен во август 2008 година. Вклучува 184 спомен-единици, секоја посветена на жртва на нападот.
Извор: Education.nationalgeographic.orgФото: Принтскрин/ Јутјуб