Се вика и изгледа неверојатно слично како неговата поранешна сопруга: Цел свет зборува за новата девојка на славниот музичар
Познатиот музичар најде нова девојка, помлада од него 29 години, а луѓето се зачудени од
нејзината сличност со неговата
поранешна сопруга, жената чие срце го скрши
Познатиот Гавин Росдејл (55), поранешниот сопруг на славната пејачка Гвен Стефани, стана познат по вонбрачните афери, а сега, според извештаите на медиумите, тој е во нова врска. Таа е sвезда на мрежата OnlyFans, Гвен Сингер, и е 29 години помлада од него.
Гвен Сингер не го дели само името со неговата поранешна сопруга, туку и неверојатна физичка сличност.
Да потсетиме, Гевин се разведе од Гвен Стефани во 2015 година, откако ја изневери со нивната дадилка. После тој развод, Гвен Стефани рече дека е уништена, додека тој подоцна изјава дека се кае што ја изневерил така.
Сега, Гевин очигледно најде замена за Гвен Стефани.
- Гевин и Гвен одлично се сложуваат. Тие се познаваат само неколку месеци, но одлично функционираат заедно. Таа е сон на многу мажи, но Гевин е тој што навистина и се допаѓа нејзе - вели извор близок до парот.
Гевин инаку имаше проблеми да најде нова девојка и рече дека му е тешко после разводот.
- Постојано сум во некои проблематични врски. Претпоставувам дека не ми оди во љубовта. Се разведов, влегов во врска, но и тоа не ми успеа и не можам да најдам никој иако сите мислат дека имам одличен живот. Не знам, можеби е тешко да се спои животот на самохран татко со нова девојка – изјави тој порано.
Аферата на Гавин со дадилката траеше дури три години, а го вклучуваше и периодот кога Гвен Стефани го носеше нивното најмало дете. Гвен дознала за измамата кога една од другите дадилки ги пронашла провокативните фотографии на Гевин во телефонот на дадилката. Телефонот на Гавин, се покажа, бил синхронизиран со таблетот до кој сите имаа пристап.
Покрај децата со Гвен, Гевин има и 32-годишна ќерка, која ја доби со дизајнерката Перл Лав.
Фото: Profimedia
(ФОТО) Луксуз од 13 милиони долари: Блејк Шелтон и Гвен Стефани ја купија својата прва куќа заедно