Се зборуваше дека е преубава за грдиот сопруг, а потоа ја изневери! Таа не сакаше да слушне за простување, и го нарече одвратна џукела

Добивај вести на Viber

Емили Ратајковски во Кан снима модна кампања за брендот Гучи, а веднаш штом се појави на плажа го разбуди интересот на луѓето, кои го следеа снимањето.

Нејзиниот стајлинг секако се однесуваше на моделот Гучи со повеќе од препознатлив дизајн, а таа беше така стилизирана шетајќи низ градот кој секој мај е светски центар на модата и филмот, а причината е токму фестивалот во Кан.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, нејзините модни изданија од Кан им се допаѓаат на многумина и ќе послужат како инспирација за нивниот летен стил.


Емили Ратајковски со години го привлекува вниманието со стилот, но и со приватниот живот. Таа важи за една од најубавите жени во светот. Таа се залага за феминистички ставови, се испробала во актерството и не сакала да му ја прости прељубата на поранешниот сопруг.


„Она што го имаа беше навистина посебно. Сите нивни пријатели сакаа да ги видат во весниците и на насловните страници. Беше прекрасно, но секако дека најдобрите врски завршуваат на грд начин. Не ја знам вистината за однесувањето на Себастијан и не го бранам, но знам дека и двајцата се нервираат. Тоа е многу тажно", изјавил пријател на поранешната двојка Емили Ртајковски и Себастијан Бер-МекКлард, кои се венчаа во 2018 година по само две недели за запознавање.

Во март 2021 година, тие го добија синот Себастијан, а Емили ја објави веста за нејзината бременост во специјалното видео за „Вог“ во режија на Лена Данам. Таа рече дека не сака да го знае полот на бебето бидејќи нејзиното дете само ќе одлучи дали ќе биде момче или девојче.


Емили и Себастијан, кои според нивните пријатели важеле за моќен, креативен и поинаков пар во Њујорк, потекнуваат од семејства на уметници. И таа и неговите родители се занимаваат со уметност, а неговите блиски велат дека е еден од водечките луѓе на Големото јаболко кое е рај за креативците.

И без сомнение тие беа прекрасен пар. Но, не ги одминаа ниту негативните коментари како оној дека можела да си најде многу поубав сопруг. Така порачаа нејзините обожаватели кои застанаа на површни проценки, а токму поради ваквите реакции многумина сега беа изненадени од веста дека ја изневерил. „Критичарите“ очекуваа дека ќе биде поинаку.


Емили ги поднела документите за развод, по гласините за прељубата на нејзиниот поранешен сопруг. По разводот ја поврзуваа со Бред Пит и Пит Дејвидсон. Таа заинтригира со објавувањето дека е бисексуалка, а потоа започна врска со Хари Стајлс.

„Само што почнав да излегувам со некој што мислам дека навистина ми се допаѓа, така да тоа е поинакво. Помидлив: „Тој е одличен“. Но, ако разговаравте со мене пред четири недели, ќе беше поинаку“, рече таа во април минатата година, додавајќи: „Што барам кај партнерот? Ми се допаѓа некој кој е многу независен. Тоа ми е важно затоа што имам многу исполнет живот. Се надевам дека забавувањето со некој кој има сопствен живот ќе ги спречи проблемите што ги имав претходно.


Немаше ниту еден убав збор да каже за бившиот, па рече: „Тој е сериски измамник и одвратна џукела“.