Сега се кае што родила две деца: Посакувам да не ги родев, животот ќе ми беше многу подобар

Добивај вести на Viber

Една мајка на родителскиот блог „kidspot.com.au“ отворено призна дека се кае поради одлуката да роди две деца, објаснувајќи дека животот пред нивното доаѓање ѝ бил подраг. Толку драг што посака никогаш да не ги имала.

Ги сакам своите синови, но...

„Мајка сум на две деца, иако би сакала да не сум мајка на ниту едно. Да, подраг ми е животот без деца. Толку подраг што би сакала никогаш да не ги родев“ - ја започна својата исповед.

Таа појасни дека своите синови ги сака со „целото срце“, но истакна и дека не е ниту депресивна, ниту психички заболена, мислејќи дека останатите луѓе освен што ќе ја осудуваат, исто така и ќе ја сметаат за ненормална личност.

„Би сакала да немав свои деца, бидејќи мислам дека животот без нив би бил многу подобар. Ја обожував својата работа и сопругот и јас бевме многу среќни.

Многу патувавме, имавме прекрасен социјален живот, како некоја романтична комедија за двајца вљубени луѓе кои сега се најсреќни на светот. Но во реалноста! Не беше тоа само фраза. Така живеевме 10 години пред да се одлучиме за деца.

Кога пристигна првото дете, работите се променија, но не на подобро.“

Иако бременоста ѝ била возбудлива, кога пристигнал на свет првиот син, признава дкеа не било онака како што замислувале.

Синот бил благодарно бебе и навистина веднаш го засакала, но ниту еден друг аспект од мајчинството не ѝ се допаднал.

„Не бев и не можев да бидам личноста која бев порано.

Но, не сакавме синот да ни биде единец. Иако маж ми знаеше како се чувствувам, сепак се одлучивме за уште едно дете. Мислевме дека можеби работите ќе се променат кога ќе се роди другото дете. Не треба ни да се каже дека не се случи тоа. Не беше ниту подобро, ниту полошо, а јас и понатаму се чувствував како да сум го изгубила својот идентитет. Ниту едно од тие лоши чувства не исчезна сосема, не бев среќна како некогаш.

Мојата кариера денес е повеќе - само работа. Го имам истото работно место, но не можам толку да се посветам на работата како порано.“

Оваа мајка признава дека и недостасува социјалниот живот, бидејќи сега е само околу децата и пријателите кои имаат деца.

„Да знаев како ќе биде, не би имала деца.

Многумина ќе ме осудат поради ова, но со раѓањето на децата од некогаш самоуверена, способна жена, станав фрустрирана жена, која компнее за некогашниот живот.

Да знаев дека вака ќе се чувствувам никогаш не би се одлучила за деца, бидејќи, верувајте ми не сакам вака да живеам. За жал, малку е предоцна!“ - завршува оваа мајка.

Извор: stil.kurir.rs