СЕКОЈА ЧЕСТ ХЕРОИ: Македонските лекари кои секојдневно се борат за спас на животи

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче ги објави фотографиите од неговите колеги од Службата за итна медицинска помош, кои се постојано на терен со цел да обезбедат најголема можна заштита на заболените.

„Горд сум што целокупниот здравствен систем е мобилизиран и функционира како едно. Ова се само дел од моите колеги од Службата за итна медицинска помош која во секое време во денот е на терен и ја дава својата максимална здравствена заштита за сите пациенти.

Да ги почитуваме мерките и заеднички да го стопираме ширењето на коронавирусот“, напиша министерот.

Фотографиите се направени од фоторепортерката Arbnora Memeti од Мета - новинска агенција.

Од фотографиите може да се види дека на лицата на лекарите се забележува нивната секојдневна битка за спас на животи и трагите што на нивните лица ги остава постојаното носење маски.

Ваков пример можеше да се забележи и кај лекари од други држави кои беа погодени од епидемијата од коронавирусот, кои исто така објавуваа фотографии со нивните лица со лузни од носењето маски и од уморот што го поднесуваат во битката со болеста.