Семејство од Делчево живее со 7.100 денари месечно – бараат помош за болното дете и голата егзистенција

Добивај вести на Viber

Семејството Стоилови од Делчево се бори за гола егзистенција и достоинствен живот. Тие имаат две дечиња – едното на 13 години со посебни потреби, а другото на само 3 години. Поголемото дете секој месец мора да прима терапија која чини 190 евра, додека целото семејство живее со едвај 7.100 денари месечни примања.

Состојбата е толку тешка што често, ако имаат нешто за ручек, остануваат без вечера. Нивната секојдневна битка е обременета со долгови за кирија, струја и вода, а немаат ниту основни услови за живот – машина за перење, доволно храна, топол дом или пристојни креветчиња за децата.

Апелот е упатен до сите хумани луѓе, компании и организации да помогнат со колку што можат. Стоилови се благодарно семејство, кое во овие тешки моменти има потреба од подадена рака за да може нивните деца да имаат барем дел од она што е основно за секое дете – топлина, здравје и сигурност.

Сметката за донација е:

Трансакциска сметка за донации

Матеј Стоилов

240 1671025375 13

Уни Банка

Трансакциска сметка за помош

Жикица Стоилова

200002745056148

EMBG 0312990498026

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

Од странство може да се донира на следната девизна сметка наменета за донации:

Матеј Стоилов

IBAN>MK 07240167102537513

SWIFT: UIBMMK 22

Контакт: 075 448 043

Адреса: Светозар Марковиќ бр 28/1-7 Делчево