Шок – одлука по ОБВИНУВАЊЕТО ЗА МИТО ВО „Ѕвездите на Гранд“! Итна реакција поради скандалот, кој е следниот чекор на Вики Миљковиќ?!

Добивај вести на Viber

Откако поранешниот македонски учесник од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, ја обвини членката на жирито Виолета Вики Миљковиќ дека барала поткуп, се огласи и пејачката.

- Во врска со невистинитите и целосно неосновани обвинувања изнесени од еден од поранешните кандидати во „Ѕвездите на Гранд“, сметам дека е моја должност да се обратам до јавноста и да го искажам мојот став.

View this post on Instagram

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)

Имено, гореспоменатиот кандидат јавно тврдеше дека наводно сум му побарал мито, што е апсолутна лага и злонамерна клевета.

Ваквите обвинувања не само што се невистинити, туку длабоко го навредуваат мојот професионален интегритет, чест и сè што сум изградила низ годините во мојата кариера.

Нема да дозволам никој да го користи моето име и презиме за да привлече внимание кон себе преку лаги и манипулации.

Мојот углед, и професионален и личен, е нешто што го градев со децении и нема да дозволам никој да го оцрни заради евтин публицитет. Доколку гореспоменатиот кандидат не се извини јавно за невистините, ќе бидам принудена да барам правда на суд.

Не од одмазда, туку од потреба да се заштитам себеси, мојот углед и сите луѓе што стојат зад мојата работа.

Ова е и повик до сите да бидеме одговорни за она што го кажуваме, особено кога станува збор за сериозни обвинувања што можат да го загрозат нечиј живот, кариера и достоинство.

Со почит,

Виолета Вики Миљковиќ.

Се огласија и од продукцијата на „Гранд“ и остро го осудија неговиот потег.

- Во врска со неодамнешните изјави на еден од поранешните кандидати на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, во кои се изнесени неосновани и сериозни обвинувања против нашиот член на жирито, истакнатата уметница Виолета Миљковиќ, продукцијата Гранд се чувствува должна да реагира и јасно да застане во нејзина заштита! Вики Миљковиќ е долгогодишен член на нашето жири, уметник со беспрекорен професионален углед чиј придонес во поп-сцената и развојот на млади таленти заслужува почит, а не таргетирање преку невистини и лични фрустрации. Продукцијата категорично отфрла секаква инсинуација дека кој било член на жирито, вклучително и г-ѓа Миљковиќ, учествувал во каков било вид нелегална комуникација или третман кон натпреварувачите. Нашите правила и етички стандарди се јасни и не оставаат простор за какви било неправилности - се вели во соопштението.

Со реакција се огласи и македонскиот канидат, преку Инстаграм стори во кое вели:

„Јас досега во мојата кариера не сум навредил никој, а најмалку би го направил тоа за мојата бивша менторка Вики Миљковиќ. Погрешно сум разбран во мојата констатација во едно мое интервју и заради тоа се извинувам на сите кои погрешно го разбраа овој случај. Никогаш не сум употребил погрдни зборови, ниту кон Вики Миљковиќ, ниту кон „Гранд“ продукција“, вели Александар во своето обраќање.