Шон страдаше од деменција: Мишелин Конери за последните денови на нејзиниот сопруг

Добивај вести на Viber

Шармерот Шон Конери, вчера почина на 90 годишна возраст. Медиумите пренесоа дека тој починал во семејната куќа на Бахамите, а неговата сопруга соопшти дека последните месеци за Шон биле тешки, тој имал деменција.

Со сопругата Мишелин беа во брак 45 години.

„За него не беше живот. Во последно време, тој не беше во можност да зборува или да се изрази. Барем умре во сон и во мир, тоа е она што го сакаше. Бев со него кога почина “, изјави Мишелин за Дејли мејл.

Тој страдаше од деменција и тоа си го зема својот данок. Неговата последна желба да оди мирно е исполнета ... “, рече Мишелин.

Неговата сопруга има 91 година, а имамароканско-француско потекло. Таа го запознала Шон во 1970 година на турнир на голф.

Скршена од болка сопругара на Конери додала: „Беше прекрасно и имавме прекрасен заеднички живот. Тој беше нешто што можеме да го наречеме човечки модел. Ќе ми биде многу тешко без него, го знам тоа. Но, ништо не е вечно “.

Во последниве години, актерот ретко се гледаше во јавноста, особено откако се повлече од актерскиот свет во 2006 година. Потоа, пренесува Дејли Меил, тој само му рекол на неговиот агент да ги одбие сите понуди за снимки.

Фото: getty