Шпанскиот заводник го прослави 61-от роденден: Антонио Бандерас немаше среќа во љубовта, но го освои светот со својот талент
Со својата колешка, актерката Мелани Грифит, тој ја доби наследничката Стела, која тргна по стапките на нејзините родители, што го прави многу среќен.
Светскиот заводник и квалитетен актер, продуцент и пејач - Антонио Бандерас вчера наполни 61 година, но според неговата енергија, духовитост и изглед, тоа никогаш не би го заклучиле.

Антонио е роден во 1960 година во Малага, во многу патријархално семејство, неговиот татко бил полицаец, а неговата мајка почитувана учителка. Во детството, тој сонувал да стане светски познат фудбалер и не ги пропуштал секојдневните тренинзи, се додека не влегол во пубертет, кога сакал да се испроба во театарската секција во неговиот град.
Неговиот талент го забележале уметници од големо значење, па Бандерас отишол во Мадрид кога имал помалку од деветнаесет години, каде што ја започнал својата кариера во Шпанскиот национален театар.
Почетокот на осумдесеттите години беше клучен за неговата кариера, бидејќи тогаш пловеше во сериозни кинематографски води, а славниот режисер Педро Аламадовар беше воодушевен од појавата на Бандерас на сцената.
Антонио беше сакан од публиката во продукциите „Лавиринт на страста“, „Матадор“, „Тринаесеттиот воин“, „Еднаш во Мексико“, „Зоро“.
Актерот сакаше да го чува својот љубовен живот само за себе, но тоа не беше можно, бидејќи публиката бараше да знае се за впечатливиот заводник. Актерот беше во брак со Ана Лес, уште во 1987 година, но љубовта траеше само до 1995 година, кога заводникот падна на шармот на неговата колешка Мелани Грифит, за време на снимањето на филмот „Двајца излишни“.
Следеше развод со Ана, а еден месец подоцна, Мелани и Антонио го кажаа судбоносното „да“, во тајност.

Како круна на љубовта, ја добија нивната ќерка Стела Бандерас, која тргна по стапките на нејзините родители, а ние имавме можност да ја видиме во филмот „Лудило во Алабама“, чиј режисер беше Антонио.
Меѓутоа, ниту оваа љубов на Бандерас не траеше, па следуваше разделба во 2014 година, но како што истакнуваат, тие останаа најдобри пријатели, кои празниците ги поминуваат заедно.
Бандерас моментално може да се види во реализација на „Телохранителот на мафијашката жена“, кој е вистинска комедија.
фото:PROFIMEDIA