Што кажува за вас годишниот период на вашето раѓање: „Есенските“ деца се остроумници, а и другите имаат свои адути

Еве како тоа влијае на карактерот!
Постојат бројни теории за тоа што ни кажува датумот на раѓање, меѓутоа, покрај датумот, важно е и годишното време, и како што тие времиња се разликуваат по својата убавина и карактеристики, така и луѓето се разликуваат според тоа во која сезона се родени. За да го решиме тој сомнеж, ви донесуваме листа на особини поврзани со сезоната на вашето раѓање.
Пролет
Луѓето родени во пролет се добри души кои сакаат да им помагаат на своите ближни и со задоволство ги слушаат. А луѓето со кои се опкружени често ги сметаат за свој спасител и често им носат насмевки на лицата, лесно се дружат, скромни се и имаат голема желба да го променат светот на подобро. Нивниот најсилен адут е големото срце!
Лето
Луѓето родени во лето се надарени лесно да ги решаваат проблемите и се многу независни. Имагинативни се и ги ценат моментите во кои можат да се релаксираат. Тие се позитивни и луѓето сакаат да се дружат со нив. Вистината им е многу важна и избегнуваат да ги лажат луѓето што ги сакаат. Нивната најсилна предност е снаодливоста.
Есен
Пред да донесат каква било одлука, луѓето родени во есен добро ќе анализираат и планираат се. Секогаш се малку претпазливи и лесно препознаваат лага од вистината. Кога разговараат со луѓето, сакаат да водат длабоки разговори и немаат проблем да кажат сè - без разлика дали се работи за добра или лоша вест. Отворени се, искусни и знаат да дадат квалитетни совети. Нивната најсилна предност е нивната остроумност.
Зима
Кога некој бара услуга од лице родено во зима, тешко му е да каже „Не“. Исто така, кога сакаат некого, тие се способни да сакаат до крајот на животот за да му се посветат целосно. Многумина ги сметаат за многу добар пријател и го ценат нивниот карактер. Тие се одлични домаќини и луѓето со задоволство ги посетуваат.