Што најмногу пребаруваат на Интерент жените за време на изолацијата

Колку и да ни се чини дека времето во изолација ни ги одзема омилените рутини, дружења и секојдневни активности, мора да се согласиме дека исто така ни донесе безброј нови можности и позитивни работи.
Бидејќи имаме повеќе време да ги завршиме работите што можеби биле само планови, за кои никогаш сме немале време, решивме да откриеме на што поминуваат жените поголемиот дел од слободното време.
Посетата и средбата со пријателите се забранети, и следствено на тоа, социјалното вмрежување значително се зголеми. Логично, нели? Благодарение на Интернет, можеме да комуницираме со луѓето со кои сакаме секој ден, а вишокот на време ни овозможува да поминуваме време на пребарување на Google за теми што нè интересираат.
Како и да е, бидејќи на жените им беа одземени услугите на фризери, козметичари и разни третмани за убавина, новите истражувања објавени на Flawless.org покажаа за што жените, низ целиот свет, се најмногу заинтересирани додека трае изолацијата. Најчестите пребарувања на Google се поврзани со активности за нега на коса, шминка и активности на славни.
Кога станува збор за косата, најмногу пребарувања потекнуваат од тоа колку често треба да ја миете косата, до начини да ја навиткате косата со преса, совети за побрз раст, но и како да ја скратите сопствената коса. Терминот шминка забележа најголем раст на пребарување. Пребаруван е 135.000 пати во еден месец, а истражувањето покажало дека жените се најмногу заинтересирани за тоа како да ја исчистат четката за шминка и како да направат лицето да им изгледа убаво без шминка.
Од пребарувањта за нокти, со најголем интерес е темата „Како да го отстранам гелот лак од нокти?“. Покрај тоа, животите на славните не беа запоставени дури и за време на изолацијата. Жените се најмногу заинтересирани за активностите на Ким Кардашијан, Кајли Џенер и Ариана Гранде.