Што сѐ можеме да направиме со шеќерот: Свекрвата ми ги отвори очите
Сме прочитале и сме
слушнале дека некои зачини кои ги имаме во домот можеме да ги искористиме и
за чистење, или да ги употребиме во други насоки. Но дали сте слушнале дека
шеќерот кој го има во секој дом можете да го користите за чистење во домот и тоа
чистење со кое вашиот дом ќе блеска, но исто така шеќерот може да направи и чуда
и со вашата кожа.
„Свекрва ми, ги сподели со мене нејзините трикови со шеќерот“, раскажува блогерка во својот блок.
Еве неколку совети што таа ги научила од нејзината свекрва, а ние ги споделуваме со нас:
Шеќер како детергент
Во шише ставете 20% шеќер и 80% оцет, убаво промешајте го и додајте малку вода.
Ако треба да ги измиете садовите а детергентот ви се истрошил, тогаш шеќерот ќе ви помогне.
Измешајте 3 супени лажици шеќер и една лажица прашок за пециво, а потоа додадете малку вода. Добиенатагуста паста ќе ви помогне да ги измиете садовите.
Треба да се ослободите од 'рѓа
Едноставно разредете 3 лажици шеќер во мала количина сок од лимон.
Бонус
Патем, можете исто така да се ослободите и од непријатниот мирис на рацете со помош на шеќер. Само измешајте го со капка течен сапун.