Сите им завидуваат на Србинките: Турскиот актер Џан Јаман ги краде воздишките на белградските улици
За неговата убавина зборува целиот свет, а доколку деновиве сте во Белград можеби ќе имате шанси да го среднете на улица...
Турскиот актер Џан Јаман кој својата популарност ја доби во серијата „Романтичарот“, веќе некое време ги воодушевува сите со својот изглед и заводнички стан, па така многумина често наведуваат дека со неговата убавина успеа да го засени и познатиот Бали Бег.
Токму овој актер е во посета на Србија, а таа информација ја сподели и тој на својот Инстаграм профил со видео и фотографија од најпозната улица „Кнез Михајлова“. Нема сомнеж дека тој е во Белград, зошто дури и во описот под видеото ја поздрави Србија.

Џан, исто така сподели и фотографија на која ужива во кафеана, каде мизичарите му свират на увце.

Атрактивниот актер е роден на 8 ноември 1989 година во Истанбул, а интересно е дека има потекло од Косово и Метохија. Имено, неговите родители се родени во Турција, но и двајцата се деца на имигранти.