Сите ја знаете нејзината мајка, но таткото на Карлеуша е нејзина вистинска гордост

Добивај вести на Viber

Јавноста често верува дека сè знае за животот на Јелена Карлеуша, но вистината е дека пејачката внимателно ја дозира информацијата за својот приватен живот. 

Една од најпокриените теми е нејзиниот однос со татко ѝ, Драган, кој ретко се споменува.

Карлеуша изјавила дека нејзиниот татко никогаш не ја поддржувал во изборот да се занимава со музика, за разлика од мајка ѝ Дивна, која и позајмила пари за првиот албум.

Сепак, Драган бил покрај неа во тешки моменти и имал добар однос со поранешната сопруга и нејзината ќерка.

Иако висок полициски службеник, Драган бил и љубител на природата, животните и водата. 

Бил основач и претседател на наутички клуб на Ада Циганлија, како и еден од основачите на Наутичкиот сојуз на Југославија. 

Се занимавал и со заштита на животната средина.

Интересен факт што Јелена го открила е дека нејзиниот татко свирел тапани со групата „Про Арте“ пред да ја започне полициската кариера.

Извор: svet-scandal / фото: Инстраграм принтскрин