Славен психолог тврди: Направете го ова и ќе дознаете кој е вашиот најголем непријател!

Добивај вести на Viber

Прво мора да развиете позитивен став кон себе, а потоа истото можете да го направите и со другите

Познатиот руски психијатар и психотерапевт Михаил Литвак разви теорија за позитивен начин на живот и кршење негативни обрасци наречена „Психолошко аикидо“, а неговата книга со истото име доживеа планетарна популарност, пишува Сенса.

Неговите совети и упатства за среќен живот, без премногу грижи, проблеми и компликации, станаа sвезда-водилка за многумина. Д-р Литвак споменува дека за се‘ во животот, прво треба да се започне од себе. Така, тој забележува дека има 3 особини што човек ги сака, сака да му се допадне на партнерот, шефот и на самиот себе. Сепак, тој забележува дека ако не се сакате себе си и не работите на личен развој, самодоверба и љубов кон себе, тешко дека ќе ги сакате другите.

Во интервју, Михаил Литвак истакна дека нашиот живот зависи исклучиво од нас самите и дека ние сме одговорни за сопствената иднина и среќа.

Лекарот тоа го објасни на следниов начин: „Не треба да гледате во другите. Важно е да го следите својот пат. Не мора да ја бркате среќата. Еден од вообичаените афоризми е дека ако сакате да знаете каде е вашиот главен непријател, погледнете во огледало. Само ние сами на себе можеме да се повредиме. И само ние можеме да поправиме се‘. Саморазвојот и самосвесноста се единствените клучеви за успех".

Слушајте го д -р Литвак, но наместо следниот пат да го видите непријателот во одразот на огледалото, набљудувајте пријател кој е таму да ве слуша, да ве разбере, да ве сака. Верувајте во себе и обидете се да зачекорите по добриот пат на животот. Прегрнете го вашето внатрешно дете и сфатете - прво треба да развиете позитивен став кон себе, а потоа можете да го направите тоа со другите.


Фото: Shutterstock