Славската трпеза годинава е вистински луксуз: За посно јадење потребно е да ја подготвивте оваа сума на пари

Иако на прв поглед изгледа дека посната слава е поевтина од мрсната, тоа не е баш така — трошоците често достигнуваат високи суми, особено кога се подготвува за поголем број гости.
Славската трпеза за многу семејства не е само традиција, туку и прилика да се собере целото семејство и пријатели. За домаќин кој сака да пречека околу дваесет гости, просечниот трошок се движи од околу 13.500 до 21.000 денари.
Главниот трошок — рибата
За овој број гости потребно е околу 10 килограми риба. Цените варираат во зависност од видот. Најчестиот и најекономичниот вид на риба што се служи на посните слави кај нас е осличот. За килограм ослиќ потребно е да издвоите помеѓу 250 и 300 денари. Што значи дека околу 3000 денари се потребни за 10тина килограми риба.
-
Дополнително, печењето рибата во пекара чини од 125 до 150 денари/кг, што значи дека вкупно за рибата и подготовката ќе треба да се издвојат меѓу 3.250 и 5.250 денари.
Славски специјалитети
-
Славски леб: од 300 до 1.000 денари,
-
Славско жито: од 450 до 500 денари/кг.
Домаќините често послужуваат две торти — цената варира од 2.200 до 4.800 денари, зависно од тоа дали се основни или поелегантни варијанти. Ситните колачи чинат околу 650 денари/кг во пекари и до 900 денари/кг во слаткарниците, што за оваа прослава изнесува околу 2.500 денари.
Пијалак
Освен храната, задолжителен дел е и пијалокот — вода, сокови, вино и ракија. Просечниот трошок за пијалак изнесува околу 6.000 денари.
Иако славата е симбол на семејна традиција и гостопримство, овие износи претставуваат сериозен товар за буџетот на едно просечно македонско семејство.