Сместување за двајца во оваа бања чини 1200 денари, нe e далеку од Скопје, а во близина на бањата има вистинска атракција

Гамзиградска бања, сместена во источниот дел на Србија, е позната по лековитата минерална вода која се користи уште од римско време.
Остатоците од римската култура и денес може да се доживеат преку бројни локалитети, особено преку прочуената Феликс Ромулијана, која привлекува туристи од целиот регион.
Бањата се наоѓа на околу 220 километри од Скопје и е поврзана со магистралниот пат Зајечар–Параќин. Сместена е на надморска височина од 160 метри, а климата е комбинација на континентална и планинска, што го прави престојот пријатен за сите посетители.
Сместување во бањата и околината
Сместувањето во Гамзиградска бања е пристапно, а дополнително се нудат и опции во Зајечар, оддалечен околу 11 км:
-
Апартман за две лица чини 1.150 денари, додека цената за едно лице е 900 денари.
-
Апартман со три спални соби, бесплатен WiFi, поглед кон градина, бар, дневна соба и целосно опремена кујна со фрижидер и шпорет, како и купатило со туш и фен, чини 22 евра.
-
Преноќиште со сопствено купатило, клима-уред, телевизор и фрижидер е достапно за 28 евра.
-
За гости што сакаат поелегантен престој, сместувањето со дополнителни содржини чини околу 45 евра.
Лековита вода и терапии
Основата на лекувањето во Гамзиградска бања е термоминералната вода, која извира од длабочина од 303 метри и има температура од 42 степени.
Во Специјалната болница за рехабилитација „Гамзиград“ постојат два затворени базени – голем за возрасни и мал за деца – опкружени со ѕидни мозаици, импресивно уметничко дело на академик проф. Србиновиќ.
Покрај капење во термалните базени, гостите можат да користат и физикални третмани, масажи и рехабилитациони програми кои помагаат кај ревматски и мускулно-скелетни проблеми.
Дополнителни активности и атракции
Посетителите можат да уживаат во прошетки низ природата, велосипедизам или обиколка на историските локалитети во околината, вклучувајќи ја Феликс Ромулијана, која се наоѓа на само неколку километри. Бањата е идеална и за семеен одмор, бидејќи нуди содржини и за деца и за возрасни.
Извор: Mondo / Википедиа / (МСК)

