„СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА НА РАТИ, ГРЕЕЊЕ НА ДРВА, НАЧИН МОРА ДА СЕ НАЈДЕ УЧИЛИШТАТА ДА РАБОТАТ“: Само НЕ онлајн настава

Добивај вести на Viber

На само три недели пред почетокот на грејната сезона дел од училиштата се во паника поради високите цени на струјата, што го доведува до прашање затоплувањето на училиштата во текот на зимските месеци. Додека надлежните се договараат како ќе изнајдат најсоодветно решение, предлозите за онлајн настава и за продолжување на зимскиот распуст се неприфатливи ниту за наставниците, ниту за родителите на учениците. Велат дека штетата со онлајн настава и со губење училишни денови е веќе преголема и дека повторното останување дома ќе биде погубно во секакава смисла за учениците.

-Најголем дел од школите се загреваат со парно на нафта. Јас не се разбирам во тоа, но во ваков случај според логиката на нештата, тука нема огромно торошење на електирчна енергија. Треба само навреме да се направи набавка на нафта. Не сакам ни да помислам дека наставата ќе прекине некаде во октомври-ноември кога ќе залади значително и ќе мора да има греење во училиштата. Тогаш ајде сите да не одиме на работа. Секаде се троши струја. Ако греењето генерално е на нафта, тогаш треба да се внимава на останатите апарати и на осветлувањето за да се заштеди електирична енергија и да се намалат сметките за струја, револтирано посочуваат родители на средношколци од Скопје.

Истовремено, некои од директорите на училиштата, за Фактор посочуваат дека во текот на оваа недела ќе имаат состаноци со градончалниците на општините за да се најде решение кое нема да биде на штета на учениците, односно да се обезбеди непречено одржување на наставата. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash