Со семејството избегала во Србија, израснала во сиромаштија, а сама стекнала сѐ што има денес: Животната приказна на Сека Алексиќ

Добивај вести на Viber

Два месеци по завршувањето на четвртото одделение, ужасите од војната ја натерале да избега во Бања Ковиљача со семејството...

Сека Алексиќ е една од најуспешните фолк пејачки во Србија.

Родена е во Зворник во 1981 година. Нејзиниот татко бил возач, а мајка ѝ била вработена во фудбалскиот клуб „Дрина“. Детството го поминала во својот роден град, растејќи безгрижно со своите родители и брат.

Уште од мали нозе ги покажувала своите вокални способности, па така во хорор на основното училиште „Митар Трифуновиќ Учо“, настапувала како солист, а со хорот на своето училиште донела бројни награди. Омилена пејачка и пример во тој период ѝ била Весна Змијанац.

По разводот на родителите продолжила да живее со мајка ѝ и брат ѝ во Зворник. Два месеци по завршувањето на четвртото одделение, ужасите од војната ја принудиле заедно со семејството да избега во Бања Ковиљача, а една година подоцна се преселиле во селото Липолист покрај Шабац.

Сека со задоволство се сеќава на своето детство и растење, а покрај тешката материјална ситуација која со себе ја донело селењето, нејзината мајак Ибрима се трудела на нејзините деца да не им недостасува ништо. Внимателна и вредна, од мали нозе, Сека се истакнувала повеќе од своите другари на училиште. Сакала да пее и секогаш била насмеана. На 14 години започнала да пее по разни кафани, за на себе и семејството да обезбеди некој денар повеќе.

По завршувањето на основното училиште се запишала во Средното земјоделско училиште, но поради лошиот успех, го напуштила во 1996 година и се посветила само на пеењето.

За тоа како нејзината мајка се бунтувала да стане пејачка, Сека со задоволство зборува во многу емисии. За да ја задоволи својата мајка, а свесна за тешките времиња кои ги поминала, сфаќајќи дека покрај пеењето мора да има и занает, Сека завршила за женски фризир, па од таму потекнува нејзината љубов кон модата, препознавајќи квалитетни брендови и секако, стилизирањето на косата. На 19 години, заминува на две години во Швајцарија, каде интензивно настапува по клубови и дискотеки и каде ја направила матрицата за својот прв албум.

Од Швајцариај се вратила во Бјелина и настапила во Спортската сала на десеттиот фестивал на народна музика „Моравски Бисер“ во Чуприја со песната „Идеално твоја“, која ја освоила првата награда од публиката. Никој не останал рамнодушен на харизматичната црнокоса, па ни нејзиниот иден сопруг, кого го запознала на тој фестивал.

Меѓутоа, по краток период, Сека и нејзиниот сопруг се развеле и набрзо започнала во врска со новото момче Зоран, кој исто така бил и нејзин менаџер. Од настапот во 2002 година на музичкиот фестивал во Чуприја, кој бил нејзин прв поголем настап како пејачка, продолжила да живее и работи во Србија.

Од 2007 година станува една од најбараните пејачки во Србија.

Денес е во среќен брак со Вељко Пиљикиќ, на кој му роди два сина, Јаков и Јован. По тешкотиите со зачнувањето, Сека се насочи кон религијата и манастирите.